Драма во Охрид: Не сакал да застане на рутинска контрола, па нападнал еден од полицајците

Секторот за внатрешни работи Охрид до Основно јавно обвинителство-Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот С.П. од Охрид поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” предвидено во член 383 став 1 од КЗ на РМ. 

На 25.04.2018 година на улица „Булевар Туристичка“ во Охрид,  полициската патрола од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Охрид при вршење на службени дејствија од областа на сообраќајот ги известиле останатите полициски патролни служби на терен дека пријавениот кој управувал патничко моторно возило марка „БМВ” со охридски регистарски ознаки не застанал на дадените светлосни сигнали и продолжил со движење.

Од страна на полициските службеници на улица „АСНОМ” пријавениот е забележан како трча при што му се дадени наредби да застане, но тој не ги послушал и продолжил да бега. Набргу потоа бил стигнат  и со службено возило бил донесен до неговото возило каде му било побарано да ги даде на увид документите  и клучот од возилото со цел да се изврши преглед. Во тој момент пријавениот почнал да вика и направил обид за бегство, при што удрил еден полициски службеник. С.П. бил приведен во полициска станица. 

 

 

 

 

27.04.2018 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега