Ако дланките се секогаш топли, може да има последици на вашето здравје, но има и друго значење
Температурата на дланките покажува дали некој е дарежлива личност со топло срце или студена и себична. Најновото истражување покажува дека срдечните личности, подготвени за разговор и соработка имаат топли дланки. Исто така, важи и обратното. Дури и личноста со камено срце ќе омекне ако во рацете држи топол пијалак.
Психолозите ја испитувале подготвеноста на 60 волонтери за меѓусебна соработка. Наизменично им давале лосиони за раце кои загреваат или ладат, а потоа им биле давани одредени задачи кои требало да ги направат во пар.
Задачите биле тешки, па волонтерите имале право да се определат дали ќе се потрудат да остварат успешна комуникација со доделениот партнер или ќе се повлечат и ќе делуваат исклучиво во сопствен интерес.
Се покажало дека луѓето се подготвени да се потрудат да остварат успешна комуникација кога им се топли рацете.
Постојат докази дека за време на еволуцијата во нашиот мозок се спојуваат центрите за физичкото чувство на топлина и психичкото чувство за топлина во меѓусебните односи.
Кога некој ќе каже дека е „загреан“ за некоја личност тоа би требало да се сфати буквално, бидејќи со јакнењето на позитивните чувства, расте и телесната топлина – објаснува професорот Ленс Воркмен, специјалист за клиничка и еволутивна психологија.
За жал, овој податок многу вешто го користат маркетинг стручњаците, кои на купувачите во супермаркетите манипулативно им нудат бесплатен чај или кафе, знаејќи дека така ќе бидат поподготвени да потрошат повеќе пари, дури и за работи кои реално не им се потребни.
Продавачите знаат дека ова е тактика која им носи поголем промет, дури и ако не се свесни за механизмот до кој доаѓаат.
Тие веруваат дека работата е во тоа што пијалакот е бесплатен, а всушност ќе го платат многу повеќе.
Ако сакате да стекнете нови пријатели или ако сте во потрага по совршен романтичен партнер, понудете им топол пијалак.
Топлите раце укажуваат и на ризик од синдромот на карпален тунел кој се јавува поради притисок од нервите, предизвикан од артритис, цисти, повреди и проблеми со тироидната жлезда. Оваа состојба се јавува кога раката е отечена, топла и слаба.
Други болести на кои се однесуваат жешките раце се периферна невропатија, односно оштетување на нервите, мускулната и коскената болка (фибромијалгија) и болна црвенило на кожата (еритромелалгија). Ако често имате топли раце, контактирајте го вашиот доктор бидејќи може да ја спречите болеста на време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа