Нов граничен премин кој ќе се минува пеш - од утре ќе работи Џепчиште - Требиште

Од утре почнува со работа граничниот премин за локален граничен сообраќај Џепиште – Требиште, согласно договорот меѓу Владата на Република Македонија и на Советот на министри на Република Албанија од ноември минатата година.

Граничниот премин Џепиште – Требиште кој ќе работи секој ден од 08,00 до 20 часот односно од 08,00 до 18,00 часот според зимското работно време, соопшти денеска МВР, е наменет превенствено за жителите на пограничната зона.

Засега овој граничен премин ќе може да се минува само пеш односно не е дозволено минување со моторни возила. 

најчитано сега