ФОТО: Поранешен наркозависник моли за прошка - по 11 години вратил пари кои ги украл

 

Поранешен наркозависник се решил да врати пари кои ги украл додека бил под дејство на дрога пред 11-12 години. 

- "Јас сум зависник. Пред отприлика 11 или 12 години ја ограбив оваа продавница вооружан со пиштол. Повеќе не земам дрога и сметам дека морам да им се извинам на луѓето кои ги повредив во минатото. Во вашата продавница влегов околу 9 часот во 2002 или 2003 година и земав пакување од шест пива и побарав цигари. Кога продавачот ја отвори касата за да ми врати кусур, го извлеков пиштолот и земав околу 300 долари. Потоа си заминав во бел автомобил. Се надевам дека ќе ги прифатите овие пари и ќе најдете начин да ми простите", напиша човекот кој бара прошка во писмото.

Вработените и сопственикот се изненадиле од делото, а според нив секој заслужува втора шанса ако искрено се покае. 

- "Ваквите работи не потсетуваат дека на светот постојат многу добри луѓе. На анонимниот човек му порачуваме дека се му е простено и дека сме благодарни за писмото. За парите не се грижиме. Многу повеќе го цениме извинувањето и се надеваме дека ќе пронајдеш мир и благосостојба во својот живот", му вратија од продавницата на крадецот преку Твитер.

11.09.2013 - 12:43

најчитано сега