ВИДЕО: Кученце секој ден ги пребарува автобусите за да си го најде сопственикот - приказна која ќе ве трогне
Кучето Хуанг Хуанг секојдневно ја повторува својата тажна и трогателна рутина. Ова кученце секојдневно влегува во автобус и го душка секое седиште за да го пронајде својот сопственик кој ненадејно исчезнал.
Кучето поминува 10 часа секој ден на автобуската станица со надеж дека ќе се појави неговиот сопственик.
Еден од кондуктерите кажал дека го видел Хуанг со својот сопственик пред еден автомобил пред еден месец, но дека тоа е последниот пат кога го видел човекот. Дел од работниците сакаат да го земат кучето и да се грижат за него, но чекаат да не се појави вистинскиот сопственик. Доколку не се појави, кученцето ќе добие грижа од нив.
11.09.2013 - 12:37