Неда Украден не ги додржа солзите: Немам право да тагувам како сите останати
Познатата пејачка Неда Украден неодамна се соочи со трагедија во семејството, а по смртта на нејзината мајка јавно проговори за тоа како таа навистина се чувствува.
Таа иако многу тешко ја поднела загубата на нејзината мајка нема право да тагува.
-Не ми беше до пеење, но знаете како ние сме луѓе кои работат на јавна сцена и немаме право да тагуваме како и сите останати. Концертите се закажани, може да се откаже еден од нив, но не 17. Мојата мајка беше горда на својата ќерка бидејќи е позната пејачка, ова што сум денес е благодарение на неа, вели пејачката.
Таа вели и дека многу и недостига нејзината мајка особено на нејзините концерти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа