Емина Јаховиќ се огласи за наводната афера со поранешното момче
Пејачката Емина Јаховиќ во емисијата „Ексклузивно“ проговори за наводите кои се пишуваа дека е во афера со Марко Мишковиќ, нејзина поранешна голема љубов, со кој, како што се пишуваше, ја обновила комуникацијата по разводот со Мустафа.
-Тоа е небулоза и глупост за човекот кој не сум го видела десет години. Бев многу вознемирена за таа приказна. Немам што да кажам на таа тема. Ме изнервира многу. Не е убаво ниту мене, а ни нему да ни се прави таков имиџ, особено што тој е во брак, вели пејачката.
25.04.2018 - 22:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа