Откриена тајната на песната „Игри без граници“ што Тоше ја отпеа неколку месеци пред смртта

 

Песната „Игри без граници“, Тоше Проески ја отпеа неколку месеци пред неговата смрт, и таа на некој начин ја одбележа неговата кариера, а многумина нејзините стихови се обидуваа  да ги идентфикуваат и со животот на славниот пејач.

Сепак виситна е дека оваа песна всушност воопшто не била наменета на македонскиот славеј.

-Тоа е песна која ја напишав пред да го запознаам Проески. Година или две пред Тоше да ја отпее, го сретнав продуцентот Никша Братош, кој соработуваше со Тоше и му реков дека имам песна која не сакам никому да ја дадам, туку сакам јас да ја отепам, макар и да ја упропастам- раскажал авоторот на овој хит, Мирослав Дрљача Рус и додал:

-После некое време, додека се возев соТоше, тој почна да копа по моите ЦД-иња барајќи ги песните за кои чул дека не сакам никому да ги дадам и прва која ја најде беше „Игри без граници“. Тоа беше крај. Рече дека тоа е песна за него и да не сонувам дека може да ја пее некој друг-рекол тој.

 

 

 

25.04.2018 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега