Ќе се менува пресметката на акциза за нафтата

Ќе се менува начинот на пресметка на акцизите при увоз на енергенси. Оваа новина пред бизнисмените денеска ја најави директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев потврди дека тоа се однесува само на нафтата.

- „Не се однесува за струјата, бидејќи струјата и денеска нема акциза, нема ни да има. Значи пред сè, се однесува за нафтените деривати, тие се подлежни на акциза, меѓутоа е многу рано да зборуваме за било какви решенија. Таа работа е во дискусија“, изјави Кочо Анѓушев денеска.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата пак најави дека ќе поднесе до Собранието предлог закон за намалување на акцизата за дизел горивата којашто Владата веќе еднаш ја зголеми од почетокот на годинава.

 

 

 

25.04.2018 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега