ВМРО-ДПМНЕ ги уедуваат СДСМ да гласаат за намалување на акцизата за дизелот

Со цел да ги убедат колегите од владејачкото мнозинство да гласаат за нивниот предлог, пратеничката групата на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа прес- конференција на која повторно најави дека ќе поднесат Предлог-закон за намалување на акцизата на дизел горивото.

Координаторот на пратеничката група повтори дека зголемувањето на акцизата на дизелот за 3,5 денари е удар по џебот на најсиромашните и дека тоа за просечниот граѓанин значи 200 денари плус.

Вчера, пак, законот го најави пратеникот Влатко Ѓорчев.

- Откако власта ја покачи акцизата, цената на дизелот галопирачки се зголемуваше и од 46 денари за литар во времето кога СДСМ ја презеде власта се зголеми на 60 денари. Тоа е покачување за 30 отсто, рече Данев.

Трошокот, според него, кој директно ќе го платат граѓаните, е над 40 милиони евра, но индиректниот трошок е многу поголем.

Покачената акциза влијае дестимулативно на економијата и го забавува нејзиниот раст. Данев, одговарајќи на новинарско прашање кажа дека власта и во Парламентот поддржала дел од нивните предлози за измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој в петок е на дневен ред на собраниската Комисија за транспорт. 

 

 

 

25.04.2018 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега