Конечно прозборе поранешното момче на Бијонсе: Ја изневерив неколу пати!

 

Линдак Лок, поранешното момче на Бијонсе, си ја отвори душата и раскажа што се случувало во периодот кога биле заедно и зошто тие двајца ја прекинале својата врска.

Двајцата се запознале во 1993 година во црква, а набргу првиот бакнеж го имале за време на концерт. Меѓутоа, кога преубавата Бијонсе започнала да ја гради својата кариера како членка на групата Дестинис чајлд, Линдак почнал да мисли дека не е доволно добар за неа, се чуствувал осамено и се нашол во кревет со друга девојка. За тоа на Бијонсе и кажал дури по раскинувањето.

- Кога еден ден Бијонсе имаше настап, отидов во бар со пријателите и завршив во кревет со друга жена. Сигурно се прашувате зошто би изневерил таква убавица и тоа неколку пати. Едноставно мислев дека не сум доволно добар за неа, вели поранешниот на Бијонсе.

Инаку, Бијонсе и Лок не биле интимни, бидејќи таа се чувала за првата брачна ноќ.

11.09.2013 - 10:08

најчитано сега