СДСМ: Сомнителните тендери беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога се набавуваше лабораториска опрема која се уште не е во употреба заради несоодветноста и чија цена е далеку од реалната пазарна вредност, Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство со новиот начин на набавка имаат за цел да овозможат заштеди и подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

Преку централизираната набавка ќе се овозможи рационализација, избегнување на двојни анализи и ќе се воведе електронски систем во лабораториите. Како резултат на тоа, набавките ќе бидат по мерка, а на тој начин и јавноста ќе биде информирана како се трошат парите на граѓаните. Сите заштеди што ќе се создадат ќе бидат инвестирани во платите на здравствените работници и во нови иновативни лекови.

Индивидуалното носење одлуки на дел од поранешните директори во јавните здравствени установи кулминираше со кривични пријави за  начинот на набавка на медицинска опрема и затоа, лицемерно е денеска ВМРО- ДПМНЕ да зборува за криминал.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за здравство работат одговорно, транспарентно и посветено во процесот на градење на квалитетен и ефикасен здравствен систем којшто овозможува квалитетни здравствени услуги за сите граѓани.

 

 

 

24.04.2018 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега