ВИДЕО: Заборавил дека му е сопруга па и се додворувал - дефинитивно ја пронашол жената на својот живот!
Џејсон Мортинес дефинитивно ја пронашол жената на неговиот живот. Дури и повторно да треба да се жени, со сигурност знаеме која ќе биде неговата избраничка.
Овој маж за шест години брак имал пет операции, а на последната, уште не освестен од анестезијата, започнал да и се додворува на својата сопруга, не знаејќи дека таа веќе му припаѓа нему.
- Дали лекарите те испратија? Леле, вистински бонбон си. Ти си најубавата жжена која некогаш сум ја видел, дали се манекенка? Која си ти? Како се викаш? Ти си моја жена???, се дел од речениците кои Џејсон и ги упатил на својата сакана пред да му објасни дека веќе му е сопруга.
- Би сакал да се сеќавам на ова, но бев потполно надвор од себе. Таа беше покрај мене во текот на сите пет операции што сум ги имал во текот на шесте години брак. На последната дојде до компликации и не бевме сигурни дали некогаш повеќе ќе функионирам како порано. Таа е љубовта на мојот живот , рекол Џејсон за својата сопруга.