Го турнала сопругот во провалија една недела по венчавката

 

Бизарен настан ја згрози светската јавност. Само една недела по венчавката Американката Џордан Ли Греем го турнала сопругот Коди Ли Џонсон во провалија по една голема расправија.

На несреќата и претходела голема расправија во која Американката одлучила да си замине, при што сопругот ја фатил за рака, а таа толку силно го турнала што паднал во провалија и починал на местото на настанот.

Всушност, причина за кавгата било тоа што девојката само една недела по венчавката се предомислила и не сакала повеќе да биде во брак.

Таа го признала делото кое го направила.

11.09.2013 - 09:27
Фото: 
Кајгана

најчитано сега