Домашен сок кој се прави за две минути, а за 10 дена ќе почувствувате неверојатна промена

 

Станува збор за сок од цвекло и моркови, а ако ви е мака при самата помисла на комбинацијата од овие две намирници во течна состојба, не сте единствени.

За овој сок се вели дека „крева од мртвите“ – и не е наменет само за оние кои имаат здравствени проблеми.

Овој сок се користи доколку се чувствувате преморено, немате енергија и сте депресивни.

Состојки: 1 кг цвекло, 1 лимон, 1/2 кг моркови, 3 портокали, 3 јаболка, мед

Подготовка: Сите состојки едноставно исчистете ги и ставете ги во блендер. Ќе добиете сок со црвенкаста боја, кој потоа можете да го распоредите во шишиња или тегли (би било идеално да не стои во пластика) и да го чувате во фрижидер. Сокот дава најдобри резултати ако се пие наутро, на празен стомак, и тоа половина чаша.

Доколку го пиете овој сок секојдневно, за десет дена ќе почувствувате неверојатна промена, ќе бидете поенергични, а и порасположени.

 

 

 

20.04.2018 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега