Директорот на Велешкиот музеј ги украл сребрените монети со ликот на Александар Македонски

 

Секторот за внатрешни работи Велес ги пронајде сребрените монети украдени од  „Народниот Музеј“ – Велес.

Се работи за две “тетрадрахмаи“ од времето на Александар Македонски. Приведен е 46-годишниот П.К. од Велес, директор во Народниот Музеј Велес, поради основи за сомнение за сторени кривични дела “кражба“ и “злоупотреба на службена положба и овластување“ .

Имено, по примената пријава за кражба извршен е увид на лице место при што подигнати се отисоци и предмети од местото на настанот. По направените анализи констатирано е дека подигнатите отисоци од лице место се совпаѓаат со провизорните отисоци од сега пријавениот. На ден 05.09.2013 година истиот е повикан во просториите на Секторот за внатрешни работи Велес каде е обавен разговор со него. Од истиот одземени се двете сребрени монети “тетрадрахма“ со ликот на Александар Македонски и со потврда се вратени на овластено лице во Народниот Музеј.

10.09.2013 - 13:59
Фото: 
Евести

најчитано сега