Намален откупот и продажбата на земјоделските производи во јули годинава

Според Државниот завод за статистика во јули годината е намален за 13,2 % вкупниот откуп и продажбата на земјоделските производи кој изнесува 998.346.000 денари. 

Зголемена е вредноста на откупените земјоделски производи за 7,1%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е намалена за 24,9%. 

Намалување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи статистиката регистрира кај житата и овошјето, додека кај сите други земјоделски производи се забележува зголемување.

10.09.2013 - 13:22

најчитано сега