Ѕвездата од „Prison Break“ се обидел да се самоубие

Актерот Вентворт Милер, главниот лик во „Prison Break“ се обидел да се самоубие како тинејџер, во периодот додека водел внатрешна борба со својата сексуалност. 

Тој додека имал емотивен говор за време на донаторската вечер на Хјуман рајтс во Сиетл признал дека тоа се случило кога имал само 15 години.

- Моето семејство замина на викенд и бев сам во куќата. Испив шишенце со апчиња, рече Милер.

- Актерот (41) рече дека не се сеќава што точно се случило, но дека еден ден потоа се преправал дека ништо не било и заминал во училиште. Рече дека тоа бил нековиот крик за помош, но никому ништо не кажал.

Актерот зборуваше и за притисокот кој го чувствувал додека работел во хит серијата на Фокс како прикриен геј, кога не можел јавно да зборува за својата сексуалност.

- Имав безброј можности да ја кажам вистината. Јас бев јас само во приватноста со моите родители и пријателите, но професионално, на работа не бев, додаде тој. 

10.09.2013 - 12:55