Учениците од Македонска Каменица добија ново основно училиште

Од денеска учениците од подрачните паралелки на Општинското основно училиште „Кирил и Методиј„ од Македонска Каменица во село Моштица ќе учат во нова училишна зграда.

Објектот, што денеска на пригоден начин е предеаден во употреба, е од монтажен тип, располага со две училници, канцеларија и други помошни простории со вкупна површина од 109 метри квадратни.

Министерството за образование и наука во изградбата на монтажното училиште во Моштица има инвестирано три милиони денари, обезбедени преку државниот буџет на Република Македоинија. - Старата училишна зграда ја преотстапивме на Советот на месната заедница во Моштица за потребите на локалното население, за нејзино адаптирање ќе издвоиме средства од буџетот на Општината, изјави градоначалникот на Македонска Каменица, Дарко Митевски и изрази благодарност до ресорното Министерство за разбирањето и навремената изградба на новото училиште.

10.09.2013 - 12:20
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега