Пипан по поразот на Македонија: Тука завршува мојот ангажман!
Алеш Пипан по поразот на македонаката кошаркарска репрезентација изјави дека тука завршува неговиот ангажман како селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.
-Имав договор со Кошаркарската федерација на Македонија репрезентацијата да ја предводам на Европското првенство, тука завршува мојот ангажман, изјави Пипан за Ал Џезира Балканс, пренесе Курир.
Според Пипан се уште е рано да се даде конечна оценка за настапот на Македонија на Европското првенство.
10.09.2013 - 12:15