Во Грција новата учебна година ќе започне со штрајк

Новата учебна година во Грција ќе започне со штрајк, откако наставниците се решија да не одржуваат наставна работа во знак на протест против нивните отпуштени колеги. Тамошниот синдикат на наставници од средните училиште најави дека нивните членови почнувајќи од 16 септември ќе стапат во петдневен штрајк. Според нив бил извршен напад на образованието. На истиот се очекува да се приклучат најголемиот дел од грчкиот синдикат на државни службеници. Синдикатите се противат на ваквата одлука на конзерватинвата грчка влада, да докрајот на 2014 година отпушти 15.000 вработени во јавниот сектор, а до крајот на оваа суспендира 25.000. 

 

10.09.2013 - 11:34