ВИДЕО: Голем пресврт - Обама подготвен да се откаже од напад доколку Асад го предаде хемиското оружје

Американскиот претседател Барак Омаба изјави дека би можел да отстапи од плановите за напад на Сирија доколку режимот на Башар ал Асад се согласи да го стави својот арсенал на хемиско оружје под меѓународна контрола. Сепак Обама вели дека се сомнева дека тоа ќе се случи. Станува збор за предлогот на Русија, за кој Обама изјавил дека би можела да донесе пресврт. Москва имено побара од Сирија да својот хемиски арсенал го стави под меѓународна контрола и да допушти да се уништи како би се избегнал американски удар. 

Само идејата се чини, случајно ја изнел американскиот државник Џон Кери кој во понеделникот во Лондон на прашање на прес-конференција може ли Асад да направи нешто за да се избегне воената интервенција, изјави дека би можело во рок од една недела да го предаде своето хемиско оружје. 

 

10.09.2013 - 11:24

најчитано сега