30 дена притвор за гостиварчанецот кој монструозно си го уби семејството
Истражен судија од основниот суд Гостивар, му одреди 30 дневен притвор на Владимир Ц.(43), кој е осомничен за убиство на неговите мајка и сестра.
На првото сослушување, тој се бранел со молчење, информираат од судот. Во натамошниот тек на истрагата која е покрената против него за убиство на свиреп начин, најверојатно ќе биде побарано и психијатриски наод, за да се утврди неговата преметливост.
Владимир Ц. е уапсен откако негов роднина во неделата пријавил дека во домот на улица „Илинденска“ бр 179 во Гостивар, се откриени усмртените Димитрула (71) и Славица (46). По наредба на истражниот судија телата на несреќните жени се дадени на обдукција. Владимир Ц. е осомничен дека во саботата со нанесувајќи им повеќе повреди со секира и други предмети, ги убил своите најблиски.