Почна средбата Димитров-Коѕијас во Охрид

Штотуку започна средбата помеѓу министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, за спорот со името.

И двајцата дипломати во пресрет на денешната средба истакнаа дека очекуваат позитивен напредок во разговорите, во насока на натамошно зближување на позициите, но далеку од решение за кои Атина инсистира на уставни промени за кои Македонија смета дека не се потребни.

- Се надевам на прогрес и мислам дека однесувањето на Грција и Македонија во однос на процесот сигнализира дека процесот е во деликатна фаза и фокусирани сме токму на овие разговори. Се надевам дека ќе ни помогне што оваа рунда се одржува во Охрид, изјави Димитров пред средбата со Коѕијас.

 

 

 

12.04.2018 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега