Османи на средба со Могерини во Брисел
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе го презентира напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Македонија.
Средбата Османи - Могерини се одржува во пресрет на 17 април, кога Македонија треба да го добие Извештајот од Европската комисија за состојбите и напредокот.
Османи во Брисел ќе оствари средби и со други високи претставници на ЕУ меѓу кои и директорката на одделот за Западен Балкан во рамките на Директоратот за проширување Геновева Руиз Калавера и холандскиот европратеник Ханс Ван Баален кој ја предводи групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа