Авиони се борат со бесниот пожар меѓу Миладиновци и Коњаре
Противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување од утринава се ангажирани за гасење на пожарот на територијата на општините Илинден и Петровец помеѓу селата Миладиновци и Коњаре со кој е зафатена борова шума.
Поради непристапноста на теренот и интензитетот на пожарот мобилизирани се и 80 лица припадници на републичките сили за заштита и спасување од шест подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување.
Според најавите од Дирекцијата, се очекува во текот на денот пожарот да биде локализиран и ставен под контрола.
10.09.2013 - 10:52