САД ја предупреди Кина за употреба на хемиско оружје од Северна Кореја

По заканата за воена интервенција над Сирија поради употреба на хемиско оружје САД овој пат со цел да ја обезбеди поддршката и од Пекинг, изјавија дека ќе ја спречат Северна Кореја да употреби хемиско оружје на границата со Кина. Ова денеска го изјави американскиот заменик државен секретар одговорен за безбедносни прашања Џејмс Милер. Милер од Пекинг порача дека „казнен напад против сириската Влада би ги зајакнал меѓународните норми за неупотреба на хемиско оружје“.

Тој во разговор со неговиот кинески колега нагласил дека „намалувањето на прагот за употреба на хемиско оружје“ може да ги доведе во опасност американските војници, но и да претставува закана за безбедноста на Кина и за глобалната сигурност.

Милер по средбата со заменик-началникот на Генералштабот на кинеската армија Ван Гванжун изјави дека било разговарано за големиот хемиски арсенал на Северна Кореја, објаснувајќи дека САД не сакаат да живеат во свет во кој Пјонгјанг ќе се надеваат дека „прагот за недозволеност на употреба на хемиско оружје е намален“

10.09.2013 - 10:49

најчитано сега