Осумгодишно девојче починало од крварење по првата брачна ноќ
Во договорен брак, осумгодишно девојче од Јемен, Раван починало од внатрешно крварење уште за време на првата брачна ноќ додека била со нејзиниот сопруг кој бил пет пати постар од неа.
Голем број на активисти се вклучија во барањето да биде уапсен нејзиниот сопруг и неговото семејство и бараат да се стави крај на ваквата бизарна пракса која се случува во Јемен во која на малолетни девојчиња однапред им се договара брак со постари мажи.
Голем број на меѓународни организации и здруженија се вклучија во притисокот кон тамошната Влада да со закон се забранат ваквите бракови со цел да се заштитат човековите права. За ваквите бракови голем удел има и сиромаштијата која владее во оваа земја. Некои од семејствата до толку се сиромашни што не можат да ги одбијат големите пари кои се нудат за нивните ќерки.
Традицијата која се практикува во поголем дел од земјата го привлече вниманието на меѓународните организации и здруженија за заштита на човечките права кои ја притискаат тамошната Влада со закон да го забрани склопувањето на бракови со малолетни деца.
Според податоците од јеменското министерство повеќе од една четвртина до тамошните девојчиња ги мажат пред тие да наполнат 15 години.