Мажите во Чешка со поголеми плати од жените

Во Чешка далеку поголем е бројот на професии во кои машкиот пол е далеку повеќе платен од женскиот. Ваквата разлика во платите кај мажите и жените според статистичките пдодатоци од заводот (ЧСУ) е регистриран уште од 2006 година. 

Просечниот личен доход кај мажите пред седум години во просек изнесувал 665 евра, односно биле поплатени од нивните колешки и тоа за околу 130 евра.

За време на вториот квартал од 2013 година, сооред ЧСУ, платата на мажите пораснала на 913 евра, додека жените земале месечна плата во висина од 755 евра.

Процентуално, споредено со претходните периоди, се покажува дека додека во 2006-та жените биле вреднувани за 19,3 посто помалку од мажите, таа разлика оваа година е „само“ 17,9 проценти.  

Најтешка ситуација за женскиот пол била во 2007 година кога жените земале речиси 20 проценти пониска плата од мажите.

10.09.2013 - 09:27

најчитано сега