18 килограми експлозив и муниција откриени во напуштена куќа во Хрватска

Хрватската полиција во една напуштена куќа во местото Врховине во Лика откри 18 килограми индустриски експлозив, три рачни бомби и над 4.000 куршуми, јави Хина.

Полицијата интервенирала откако сопственичката на куќата, која сега живее на друго место, ја забележала муницијата при посетата на својот поранешен дом. 

Засега нема инфромации за потеклото на експлозивот и муницијата, кои, според најавите на полицијата, ќе бидат уништени. 

09.09.2013 - 15:23
Фото: 
Региони.мк