Сали Бериша поднесе оставка

Албанскиот премиер Сали Бериша попладнево му ја достави својата оставка на претседателот на Албанија, Бујар Нишани.

Со овој чин, како што јави дописникот на МИА, за избор на новата влада на Еди Рама, чоја коалиција победи на изборите на 23 јуни.

Бериша, кој во изминатите осум години беше на чело на албанската Влада, сепак ќе остане на функцијата се до изборот на новиот владин Кабинет од страна на Парламентот.

На изборите Бериша беше избран за пратеник и како највозрасен требаше да раководи со денешната конституивна седница на Парламентот. Но, тој го одби тоа, па со седницата ќе раководи социјалистот Намик Докле.

На денешната конситуивна седница по верификацјата на мандатите, треба да бидат избрани претседател и потпретседатели на Парламентот. Врз основа на договорот на победничката коалиција, спикер ќе биде Илир Мета, лидер на Социјалистичкото движење за интеграција (МСИ).

По конституирањето на Парламентот владејачкото мнозинство треба да достави предлог до претседателот Нишани за манадатар. Тоа ќе биде лидерот на социјалистите Еди Рама, кој составот на неговиот Кабинет и програмата ќе ги претстави пред Парламентот.

Изборот на Владата најверојатно ќе биде на 12 септември, по што новиот владин Кабинет ќе положи заклетва пред претседателот Нишани. 

09.09.2013 - 14:44
Фото: 
Новатв.мк

најчитано сега