ЕК: Да се почитуваат обврските од ЦЕФТА во спорот Македонија - Косово

Официјален Брисел реагира на македонско-косовскито судир, предизвикан од новоформираната држава на Балканот со вчерашното воведување мерка за ограничен увоз на одредени производи од нашата земја, јавува дописникот на МИА од Брисел.

- Ние се стремиме кон појаснување на неодамнешните пријавени мерки и очекуваме сите страни да ги почитуваат своите обврски во рамките на ЦЕФТА, рече портпаролот на Комисијата, Петер Стано, во изјава за МИА.

Гласноговорникот на неформалната влада на Европската унија не сакаше да влезе во детали дали ЕУ ќе се вмеша подиректно со цел надминување на спорот меѓу Македонија и Косово, но јасно е дека Брисел одблиску го следи развојот на настаните и посакува нивна позитивна разрешница.

09.09.2013 - 14:17

најчитано сега