ВМРО-ДПМНЕ: Неуспесите со СДСМ на власт станаа наше секојдневие, граѓаните заслужуваат подобро

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Република Македонија е заробена држава. Од таму велат дека СДСМ го девалвираше правото и правниот систем во државата. Судството не работи по силата на законот, туку под притисок на власта.

-Реформите кои ги најавуваа, како да беа ветувани на први април, завршија уште пред да почнат. Правосудните органи се партизираат со партиски кадри, а институциите се користат за пресметка со политички неистомисленици, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија велат дека апатијата која завладеа на општествено – политички план се отслика и во економијата. Тие обвинуваат дека минатата година економијата после долго време за првпат не  оствари раст. Државата се соочи со пад на градежништвото од 20% и застој на сите инфраструктурни проекти почнати од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не знае да менаџира со парите на граѓаните. Покрај тоа што ги троши немилосрдно и без концепт за раст и развој, истата ја задолжи државата со милионски суми. Притоа не само што не направи нешто продуктивно со истите, туку и ги чува без за нив да зема камата, во исто време плаќајќи камата за   основниот долг, со што до сега ја оштети државата за 1.5 милиони евра. Долга е листата на неуспеси на оваа власт. Неуспесите со СДСМ на власт станаа наше секојдневие. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да поднесе барање за гласање на доверба на Владата. Граѓаните заслужуваат подобро. Државата заслужува подобро, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

05.04.2018 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега