Данев: Граѓаните во овие 10 месеци со СДСМ видоа што значи корупција, неспособност и не водење сметка за државните интереси

10 месеци по доаѓањето на власт на СДСМ, Македонија е заробена држава. Државата пропаѓа и на економски и на социјален план, а демократијата е суспендирана, истакна Драган Данев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ е во коалиција со криминал. Корупцијата доби епидемиски размери. Тоа го покажа и истражувањето на Транспаренси. Странските инвеститори бегаат и ја заобиколуваат Македонија. Нарушена е безбедноста. Рекетот и изнудата се секојдневие. Се палат возила, а убијците шетаат на слобода. Криминалците уживаат во амнестијата. 10 месеци власта ништо не сработи. 10 месеци константно се задолжува државата, а немаме ниту инвестиции, ниту проекти, рече Данев и додаде:

„Од доаѓањето на власт до сега оваа расипничка влада се задолжи за 1.6 милијарди евра. Од таквото задолжување државата нема никаков бенефит. Нема нови инфарстуктурни проекти, нема раст на економијата. Економијата минатата година немаше раст, а секаде во регионот економијата отиде напред. Градежништвото падна под 20%. Владата која што ветуваше инфраструктурен бум, 600 километри нови автопати и 550 километри нови магистрални патишта, не само што не отпочна ниту километар нов пат, туку неосновано ја запре изградбата на сите инфраструктурни проекти започнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Најавуваа реформи во правосудниот систем. Правна држава и почитување на принципот на владеење на право. Ветуваа независно и непристрасно судство. 10 месеци откако се на власт, судството е на колена и постапува единствено под политички притисок од СДСМ. Правосудните органи се користат инструментализирани против опозицијата, додека претставниците на власта остануваат не допрени од правдата“.

10 месеци, подвлекува Данев, ниту МВР, ниту ОЈО имаат отворено постапка против претставници од власта.

-Се молчи за сомнителната набавка во 4 очи на возила шкода за потребите на МВР, се молчи за најавата на Заев дека двајца претставници во владата се фатени во корупција, а има и нерасчистени убиства. Граѓаните во овие десет месеци со СДСМ видоа што значи корупција, мрза, незнаење, неспособност, расипништво и не водење сметка за државните интереси. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да поднесе барање за гласање на доверба на Владата. Граѓаните заслужуваат подобро. Државата заслужува подобро. По доставување на барањето до господинот Талат Џафери, очекуваме седницата за гласање на доверба да биде закажана за идната среда. 

 

 

 

05.04.2018 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа