ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе интерпелација за Владата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја поднесе интерпелацијата за Владата до Собранието. Информацијата за Press24 ја потврдија партиски извори.
Се очекува интерпелацијата за Владата на седница да биде ставена веднаш по Велигденските празници, односно во вторник за кога се очекува и враќање на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
Ова е прва интерпелација за Владата. Претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа неколку интерпелации за работата на министрите но тие не се најдоа на дневен ред.

 

 

 

05.04.2018 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега