Српскиот селектор: Нема да има местенки на натпреварот со Црна Гора (ВИДЕО)
На вчерашната прес-конференција, српскиот селектор Душан Ивковиќ изјави дека нема да има местенки на дуелот со Црна Гора.
Српскиот селектор на прашањата на новинарите изјави дека тој е кошаркарски тренер и дека не игра лото или бинго, како и дека никогаш во кариерата не се занимавал со местенки, па нема ниту сега.
Доколку денеска Црна Гора ја совлада Србија, Македонија залудно ќе ја совлада Летонија.
09.09.2013 - 12:33