Жената пронајдена обесена на дрво во Кичево е исчезнатата Французинка Валери
Жената која вчера беше пронајдена почината во Кичево е исчезнатата Французинка Валери, пренесува порталот Курир.
Според информациите на порталот, потврдата дека починатото тело е на Валери ја дал нејзиниот сопруг, кој пред само неколку денови вети и парична награда од 5.000 евцра за оној кој ќе има некаква информација за неговата исчезната сопруга.
Инаку, Французинката беше пронајдена вчера обесена на дрво во шума во близина на хотелот Панорама во Кичево. Телото на починатата било во фаза на распаѓање.
Засега не е познато како настанала смртта. Полицијата го истражува случајот.
09.09.2013 - 12:14
Фото:
Курир