Селекторот на Словенија: Кој е тој Милојевиќ од Македонија?!
Божидар Маљковиќ, селекторот на Словенија е бесен на македонскиот судија Александар Милојевиќ кој ја делеше правдата на мечот со Хрватска.
Селекторот на Словенија која загуби од Хрватска со 76:74 е незадоволен и бесен на судиите, па изјави дека не го познава судијата од Македонија.
Не сум задоволен со судењето, од почетокот до крајот на турнирот. Имам доста пријатели во Македонија, но навистина не знам кој е тој судија Александар Милојевиќ. Тој ни зема 5-6 топки на крајот на мечот, изјави селекторот на Словенија Божидар Маљковиќ, пренесе Курир.
09.09.2013 - 11:40
Фото:
Дневник.мк