Трагедија во Велес: Мајка и ќерка загинаа при превртување на трактор
Семејна трагедија ги потресе велешани. Синоќа на земјениот пат кон велешкото село Оризари на местото Карамуслица при превртување на трактор загинаа мајка и ќерка.
Како што пренесува МВР, се работи за 35-годишната Сумера М. од Штип која дошла во селото за да ја посети мајка си, 59-годишната Игбала Т. Откако се качиле на трактор, кој го управувал ќерката, истиот наеднаш се превртел и за жал, двете девојки загинале на местото на настанот.
Инаку, за време на несреќата, на тракторот била и една жена која успеала да скокне од тракторот за време на несреќата, па поминала со полесни повреди.
Полицијата врши увид.
09.09.2013 - 10:50