Нови детски игралишта за дечињата од Усје и Драчево

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец - Алексиќ свечено предаде на користење две нови детски забавни игралишта во Драчево и Усје.

Првото е донација од компанијата Цементарница Усје – Титан и е поставено на улицата „Малешевска“ во населбата Драчево. Вториот забавен парк се изгради во населбата Усје и е инвестиција на општината Кисела Вода.

Детските игралишта се опремени со лулашки, лизгалки, клацкалки, мост и други детски реквизити, а поставена е и урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци за посетителите.

 

09.09.2013 - 10:47
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега