ЕКСКЛУЗИВНО: Голема акција за апсење на мафијата која тргува со културно наследство- приведувања низ цела Македонија
Десетина лица се уапсени меѓу кои и членови на Управата за заштита на културното наследство во големата полициска акција која сеуште е во тек, дознава Пресс24 од полициски извори. Полицијата прави обид да расчисти со мафијата која се занимава со нелегална трговија со културно- историското наследство. Апсења се спроведуваат низ повеќе градови во земјава.
Како што дознаваме, во домовите на приведените пронајдени се поголем број на артефакти и икони.
Официјална потврда од МВР сеуште нема.
С.А.