Крвава семејна драма во Гостивар: Со секира си ги убил мајката и сестрата
Крвав настан го потресе Гостивар. Синоќа во 22 часот во полициската станица во Гостивар било пријавено дека во куќа на улицата Илинденска, 43-годишниот Цветковски Владимир, инаку со нарушено ментално здравје, со секира ги убил своите мајка и сестра.
Според првичните информации, Владимир со секира ги нападнал својата мајка, 71-годишната Дарула Цветковска, и својата сестра, 46-годишната Славица Цветковска.
Полицијата врши увид.
09.09.2013 - 10:18