Понеделник неработен ден за сите, а петок за граѓаните од православна вероисповед
Понеделник, 9 април, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.
- Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 9 април 2018 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти МТСП.
Претходно, МТСП информира дека согласно Законот за празниците, 6 април 2018 година, Велики петок, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа