Димитров на поединечни средби ќе информира за разговорите за името
Министерот за надворешни работи Никола Димитров на поединечни средби ќе ги информира претставниците на државниот врв и политичките партии за разговорите за името, соопштија од МНР, со што се отфрлаат тврдењата на дел од медиумите дека ќе има лидерска средба за името, потврдија од Владата за МИА.
Шефот на дипломатијата Никола Димитров минатата недела најави дека по преговорите за името во Виена ќе се одржи состанок на државниот врв и лидерите на најголемите партии. Тој во Виена во петокот имаше средба со министерот за надворешни раб оти на Грција Никос Коѕијас и со медиујаторот Метју Нимиц.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа