Ружин: Главната пречка во преговорите не е името, туку техничките детали и гаранцијата

 

Главната пречка во преговорите со Атина не е прашањето за името, туку техничките детали и гаранцијата, вели поранешниот амбасадор во НАТО, Нано Ружин за Канал 5 телевизија.

Тој за телевизија вели дека според него постои позитивна енергија од двете земји за решавање на процесот.

- Така што не не изненадува изјавата дека е направен еден условен прогрес, што значи дека работите се одвиваат., но секако треба и натамошни убедувања било да се работи на кој начин ќе се гарантира ова што ќе се прифати, дали ќе има една еволутивна клаузула во смисла измената на уставот, кога би се потпишал билатералниот договор и што ние би добиле со тоа. Претпоставувам дека нашата страна бара веднаш по потпишувањето да ни се овозможи да почнеме со преговорите за членство во ЕУ, а со НАТО исто постои една добра можност - вели Ружин.

Најоптимистичката варијанта според Ружин е спорот да се реши во текот на оваа пролет, или до крајот на годината. Смета дека до крајот на годината не зависно дали ќе се одржи самитот на НАТО, ние можеме да влеземе како членови и да бидеме повикани на средба на Северно атлантскиот Совет. Додека пак Грција нема да стави вето на отпочнувањето на преговорите со Европската Унија.

- Конечно , не е крајот на светот ако пропадне оваа работа. Постојат и други можности, еве сега неофицијално и опозицијата во Грција е заинтересирана за овој проблем, бидејќи се добива впечаток дека политичката елита во Грција што ќе го реши ова прашање ќе добие на некој начин бинго, бидејќи ќе се пофали дека го решиле случајот и дека имаат способна дипломатија - закличи поранешниот амбасадор на НАТО.

 

 

 

 

01.04.2018 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега