Османи: Очекуваме чиста препорака за преговори од ЕУ (видео)
Валоризација на целиот досегашен труд и чиста препорака за почеток на преговори за полноправно членство, очекува вицепремиерот Бујар Османи од претстојниот Извештај на Европската комисија (ЕК).
Според него, Извештајот што ЕК ќе го објави на 17 април, претставува и финале на Планот 3 - 6 - 9.
Османи во денешното неделно обраќање преку својот фејсбук профил, зборувајќи на македонски јазик, рече и дека со нетрпение ја очекува примената на новиот Закон за употреба на јазиците, не само поради фактот што се работи за очигледна придобивка на Албанците, туку и поради тоа што со Законот, како што истакна, ќе се демантираат сите закани и заплашувања кои се појавија изминатиот период.
Под обраќањето на вицепремиерот, оди титл на албански јазик.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа