Каменуван патнички воз кај Драчево

 

Воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани синоќа во непосредна близина на Железничката станица Драчево е каменуван од страна на непознато лице.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 16,50 часот од Железничка станица-Лисиче во правец кон Железничка станица-Драчево, на околу 30 метри пред рампата за населба Драчево, од страна на непознато лице каменуван е патничкиот воз кој сообраќа на релација Скопје – Кочани, при што е скршено едно стакло. Се посочува дека нема повредени патници.

 

 

 

31.03.2018 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега