МВР со детали за трагедијата вчера во Кочани - мермерни плочи нагмечија работници, еден починат

Вчера околу 17 часот кај градската капела во Кочани, при истовар на мермерни плочи од  контејнер од товарно возило  во кое биле пет лица од засега непознати причини  дошло до излизгување на плочите, при што истите ги потиснале лицата кои се наоѓале во внатрешноста на контејнерот. 

На лице место починал 47-годишниот Н.Ј. од Кочани, а со тешки телесни повреди  се здобиле  три  лица Б.Н. (27) од Штип, З.А. (26) од Кочани и М.Ј.(21) од Крива Паланка кои веднаш по незгодата се пренесени во Ургентен центар - Скопје, а 59-годишниот М.З. од Кочани е пренесен во Медицински центар - Кочани. 

Увид на лице место извршиле јавен обвинител  и екипа од Полициската станица -Кочани. Со одобрение на јавен обвинител, телото на починатиот Н.Ј. е предадено на семејството.

 

 

 

31.03.2018 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега