Мермерни плочи згмечија работници во Кочани: Еден починат, двајца се борат за живот

Едно лице починало, а четири други работници се здобиле со потешки повреди при истовар на мермер во фирма во Кочани.

Несреќата се случила попладнево околу 17 часот во близина на градската капела, при што неколку мермерни плочи ги пригмечиле лицата кои ги истоварале од камион.

Според првичните сознанија од дежурниот хирург во Општа болница – Кочани, едно лице било донесено без знаци на живот, а други двајца со апарат за вештачко дишење се препратени во Клиничкиот центар во Скопје. Останатите се задржани на лекување во Кочани.

Увид на местото на несреќата изврши јавен обвинител, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. 

 

 

 

30.03.2018 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега