Во тек е средбата на Димитров и Коѕијас со Нимиц - се бара решение за името

 

Вo прoстoриите нa австриското Министерствo зa нaдвoрешни рaбoти во Виена, во тек е средбата на медијаторот Метју Нимиц со шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

На почетокот на средбата присуствувала и шефицaтa нa aвстрискaтa диплoмaтијa Карин Кнејсл. Се очекува разговорите кои неформално почнаа синоќа со работна вечера Димитров - Коѕијас, да продолжат и попладне со работен ручек на кој ќе присуствува и Нимиц. 

Пред новата рунда разговори, куса изјава даде само Коѕијас, изразувајќи надеж дека денеска ќе биде направен прогрес.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, во пресрет на средбата во Виена објави дека Нимиц ќе им претстави на Димитров и Коѕијас павна форма, со празни места во спорните прашања.

- Нимиц ќе биде тој што прв ќе се обрати и ќе ја претстави правната форма, врз база на која ќе се достави можниот иден договор на двете страни во ОН, со празни места за спорните прашања, како што е името. Потоа ќе следи претставување на ставовите на двајцата министри за надворешни работи и преговори за позициите, пишува грчката новинска агенција и додава дека преговорите во Виена се очекува да траат долго, ако се суди според минатиот состанок што траеше седум часа.

 

 

 

30.03.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега